Станбеното кредитирање во Македонија последниве 7-8 години постаојано расте, но се чини дека тој тренд почнува да забавува.
Последниве 12 месеци растот е евидентен. Заклучно со јуни 2026 година, вкупниот износ на станбени кредити одобрени на физички лица достигна 117,875 милијарди денари, што е за 16,6% повеќе во споредба со истиот месец минатата година.
Но, наплатата оди со проблеми и се очекува заострување на условите за станбен кредит.
Зошто банките стануваат повнимателни?
Како главни причини се наведуваат зголемената перцепција за ризик и помалата подготвеност на банките да преземат ризик. Финансиските институции особено ги следат економските перспективи, геополитичките случувања и состојбата на енергетскиот пазар.
Покрај построгите критериуми за одобрување, банките планираат понеповолни вкупни услови за кредитирање, меѓу другото и поради движењето на каматните стапки.
Се зголемува бројот на одбиени барања. Кај потрошувачките кредити, девет проценти од банките во нето-износ пријавиле раст на одбивањата, додека кај станбените кредити и кредитите за компании тој показател изнесувал шест проценти.
Нагло падна интересот за станбени кредити
Уште позабележителна промена е регистрирана кај побарувачката. Побарувачката за станбени кредити во вториот квартал се намалува, по се изгледа цените на становите го достигнаа својот максимум во овие околности а банките проектирале понатамошен раст на цените и согласно тоа степенот на ризик за хипотеките и за каматите,
Слична е и ситуацијата во Европа
ЕЦБ за оваа појава ако причини ги посочува послабата доверба кај потрошувачите, каматните стапки и понеповолните очекувања за пазарот на недвижности.
Во Европската унија пад има и кај побарувачката за потрошувачки и други кредити за домаќинствата, но тој е значително помал – нето-показателот изнесува минус два проценти.
За третиот квартал од 2026 година во ЕУ се очекува мало дополнително заострување на стандардите за станбени кредити, додека кај потрошувачките кредити критериумите би можеле да станат уште построги.
Истовремено, банките очекуваат дополнителен пад на побарувачката за станбени кредити, додека интересот за потрошувачки кредити би требало да остане приближно на сегашното ниво.
Секој раст на цени има свој плафон, па така и со цените на становите. Пазарот покажува дека цените на становите, особено во Скопје и неколку поголеми градови во Македонија, се износ кој е превисок, купувањето е ризик кој е неподнослив.
Простата калкулација е дека повеќе се исплати стан под кирија, да се има маневарски простор за менување на изборот помеѓу желбите и можностите без да се доживува длабок стрес под притисок на кредитите отколку голем доживотен кредит и стравот дека нема да може да се исплати до крај.
Споредбените податоци покажуваат дека состојбата во Македонија и државите на ЕУ е слична.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата