logo
logo
logo

НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е РОДЕНА НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА ДУЊА

ХЕРОИНАТА ШТО НЕ НАПОЛНИ 18 ГОДИНИ - 101 година од раѓањето на Невена Геогриева Дуња

Vecer | 25.07.2026

ХЕРОИНАТА ШТО НЕ НАПОЛНИ 18 ГОДИНИ - 101 година од раѓањето на Невена Геогриева Дуња

Со само 16 години, Невена Георгиева - Дуња го испишала своето име во македонската историја како најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и првата жена борец во партизанските единици во Македонија. Родена на 25 јули 1925 година во Скопје, таа уште како тинејџерка активно се вклучила во Народноослободителната борба, оставајќи траен белег во антисафиштичкиот отпор. 

Во септември 1942 година станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Зимата 1942 година одредот бил нападнат кај селото Папрадишта. Се развила жестока нерамноправна битка во која непријателот бил далеку поброен. Неколку партизани на чело со Дуња ја бранеле нивната позиција. Нејзината смела борба ги бодрела и нејзините соборци да издржат до крај. Меѓутоа, по неколкучасовна огорчена борба, херојски загинала од фашистички рафал. Така на седумнаесетгодишна возраст згасна животот на оваа смела партизанка, која останала како светол пример на идните генерации.

Загинала во судир со бугарската полиција и велешката контрачета на 16 декември 1942 година во велешко Нежилово. Откако тешко ја раниле, го масакрирале нејзиното мртво тело, ѝ ја отсекле главата и ја набиле на кол и така ја шетале низ велешките села за да се заплаши востанатиот македонски народ. За да предизвикува страв на граѓаните на Велес, нејзината глава ја ставиле во еден централен излог.

Во чест на Невена Георгиева се испеани неколку песни од НОВ, меѓу кои се и песните „По поле одат аргати“ и „Пуста останала таја контра чета“.

Во нејзина чест, две основни училишта, во Кисела Вода и Нежилово, го носат нејзиното име. Исто така, еден од студентските домови во Скопје го носи нејзиното име.

Во Жена-парк постои спомен-обележје посветено на Невена Георгиева-Дуња. Во 1969 година била поставена нејзина биста во основното училиште што го носи нејзиното име во Кисела Вода, а во 1978 година и во Студентскиот дом во Скопје што го носи нејзиното име. Во 2014 година нејзината биста во дворот на студентскиот дом е уништена,а во 2016 била украдена и нејзината биста во основното училиште во Кисела Вода.

Во 2013 година била откриена нејзина спомен-плоча во Нежилово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk