Возачите кои денеска патуваат кон грција преку граничниот премин „Богородица“ се соочуаат со долг застој, бидејќи за излез од државата се чека околу два часа. Според информациите на АМСМ, зголемената фрекфенција на возила создаде колони на преминот, додека на „Табановце“ за влез во државата времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Особено внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.
Внимателно возење се препорачува особено на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Од 15 април, патниот правец Охрид–Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата