ВРЕДИ реагира дека Артан Груби побарал да му биде вратен пасошот, при што неговата одбрана понудила недвижен имот проценет на повеќе од 335 илјади евра како гаранција.
Од партијата бараат да се разјасни чија сопственост е имотот и на кој начин е стекнат, посочувајќи дека станува збор за значителна сума.
ВРЕДИ го поврзува барањето на Груби со неговото поранешно политичко дејствување и со неговиот период на извршување јавна функција. Од партијата наведуваат и дека Груби се најде на американската црна листа поради наводи за корупција и мешање во правосудството.
Од ВРЕДИ велат дека институциите треба да ги проверат сите околности поврзани со имотот понуден како гаранција, како и неговото потекло.
Партијата оценува дека случајот отвора пошироки прашања за одговорноста на поранешните функционери и за начинот на кој се стекнувал имотот за време на нивното вршење јавни функции.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата