Реформаторите од 12.05: ПРЕТХОДНИТЕ ВЛАДИ НА СДС беа ПОЛИТИЧАРИ-ПАЗАРЏИИ

Vecer | 16.11.2026

Реформаторите од 12.05: ПРЕТХОДНИТЕ ВЛАДИ НА СДС беа ПОЛИТИЧАРИ-ПАЗАРЏИИ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Реформаторите на СДС од иницијативата 12.05 признаа дека претходните влади на нивната партија беа „политичари пазарџии кои и објавија војна на правдата во Македонија“.

Во денешното соопштение тие посочија по функционерите кои во оваа СДС констелација од министри во критичниот период 2017– 2024-та станаа пратеници, за заштита од кривичните дела преку изменетиот Кривичен законик засилен со пратеничката функција.

„Нема никаква дилема, дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023-та дел од политичарите-пазарџии објавија војна на правдата во Македонија. Заради иднината на државата сметаме дека е дојдено крајно време од декларативни заложби да се премине на дела. Тоа и’ го должиме на актуелната младина и на генерациите кои доаѓаат. Корумпираните политичари без разлика на етничката, верската и партиската припадност мора да одговараат и покрај скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023 година.

Со скандалозните измени на Кривичниот законик се намалија затворските казни за злоупотреба на службената положба што отвори можност за брзо застарување на кривичните дела сторени со политичка корупција, се избришаа одредби кои предвидуваа казни за злоупотреба на јавни набавки и оштетувања на државниот Буџет. Проценката кажува дека околу 800 поранешни и сегашни носители на функции ги злоупотребуваат овие скандалозни измени на Кривичниот законик за ослободување од кривична одговорност“, се вели во соопштението на иицијативата „12:05“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk