ПОРТПАРОЛКАТА НА ВЛАДАТА ГО ОСУДИ НАСИЛСТВОТО ВО ОХРИД

Vecer | 16.11.2026

ПОРТПАРОЛКАТА НА ВЛАДАТА ГО ОСУДИ НАСИЛСТВОТО ВО ОХРИД
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Портпаролката на Владата Марија Митева го осуди насилството врз девојката од Охрид, која беше брутално претепана од нејзиното момче. Митева очекува итно дејствување од Јавното обвинитлество и да нема одолговлекување.

„Остро и недвосмислено го осудувам насилството врз младата девојка во Охрид. Очекувам Јавното обвинителство да дејствува итно, без одолговлекување! Случајот мора целосно да се расчисти и да има правда! Насилството е недозволиво, нема оправдување, ниту смее да има премолчување или релативизирање!“, напиша Митева на својот профил на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk