На денешната седница на Советот на јавни обвинители, обвинителот Анел Фидоски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.
Покрај Фидоски, за функцијата конкурираа и досегашниот јавен обвинител Гаврил Бубевски, како и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.
По гласањето, Фидоски доби најголема поддршка од членовите на Советот и со седум гласа „за“ беше избран за нов шеф на ОЈО Скопје. Бубевски доби пет гласови „за“, Трајчевска и Андонова по еден глас „за“, а Петрески не доби ниту еден глас „за“.
Воедно, со 10 гласа „за“, Бесир Алиу беше избран за обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата