ПО СКАЛДАЛОТ СО СПОТОТ

ДА СЕ РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА „МАКЕДОНИУМ“ денеска ќе побара премиерот Мицкоски

Vecer | 30.09.2026

ДА СЕ РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА „МАКЕДОНИУМ“ денеска ќе побара премиерот Мицкоски
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека уште денеска ќе побара од министерот за култура и туризам разрешување на директорот и на Управниот одбор на институцијата надлежна за споменикот „Македониум“ во Крушево. Поводот за оваа одлука е скандалот што ја бранува јавноста, откако просторот на овој значаен споменичен комплекс бил изнајмен за снимање музички спот на рапер од Косово.

„Навистина тоа коешто таму се случило е нешто коешто не требало да се случи. Ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција, заедно со Управниот одбор, бидејќи таков тип на институции не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени“, истакна Мицкоски.

Премиерот им се извини на граѓаните за направениот пропуст и увери дека ќе се преземат сите мерки за вакви инциденти да не се повторат во иднина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk