logo
logo
logo

Брнз: Имате граѓани исфрустрирани од корупцијата, од недоволните реформи и напредокот на кој се надевале

Vecer | 19.02.2021

Брнз: Имате граѓани исфрустрирани од корупцијата, од недоволните реформи и напредокот на кој се надевале

„Реформите не се неопходни само за аспирациите кон ЕУ, туку се потреба, нужност. Вашата земја сега се соочува со многу сериозен предизвик, особено младите луѓе, кои се прашуваат дали овде имаат иднина, дали можат да заработуваат, дали ќе имаат можности.

Имате просечни граѓани исфрустрирани од корупцијата, од недоволните реформи и напредокот на кој се надевале“, истакна Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во Република Македонија во емисијата „Само интервју“.

Брнз додаде дека тие прашања се доста важни, но смета дека постојат конкретни чекори што може да се направат релативно брзо за да се покаже решителноста да се работи на тие прашања.

„Прво и најважно, некои од случаите на корупција што сега се водат, ако се пресудат би бил јасен сигнал. Исто така, Парламентот ажурно да ја донесе националната антикорупциска стратегија и воведувањето на таа стратегија“, рече Брнз.

Брнз посочи дека ако луѓето забележуваат корупција, тогаш постои проблем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk