logo
logo
logo

Бојан Јовановски денеска беше спречен да зборува пред Судот

Vecer | 24.11.2021

Бојан Јовановски денеска беше спречен да зборува пред Судот

Под изговор на судот дека не е пронајден сведок кој требало да сведочи на денешното рочиште, рочиштето се одложи за 09.12.2021 година, а Јовановски не беше спроведен. Упатените коментираат дека согласно закон, судот е должен да го обезбеди присуството на обвинетиот, дотолку повеќе што тој се наоѓа во затворска установа.
– Алибито на судијката која го води овој предмет е надвор од законот. Денешната ситуација фрла сомнеж за намерно опструирање на судската постапка бидејќи Јовановски пред судот почна да ги објавува своите докази кои произлегуваат од неговиот телефон. Доказите кои ги објавува Јовановски не одат во прилог на власта на Зоран Заев, па затоа и повеќе од очигледно е тенденциозното постапување на судот и спречувањето на Боки 13 да зборува пред судот. Ова претставува организирана цензура и спречување на докажување на вистината со факти и аргументи кои се од висок степен на јавен интерес, вели извор кој е доброупатен во случајот.
Барањето не му беше дозволено од страна судечкиот судија, со образложение тоа да го направи во писмена форма, иако Јовановски според законот за кривична постпка тоа може да го стори во вербална форма нотирано на записник. После денешниот случај се поставува прашањето зашто Јовановски не беше донесен во судот и дали некому му гори под нозе?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk