logo
logo
logo

Солидарноста и хуманоста добија признание

„Био Ентерпрајз“ доби признание од „Макпрогрес“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ГОЛЕМИОТ ПОЖАР ВО „ВИНЧИНИ“

Vecer | 12.10.2026

„Био Ентерпрајз“ доби признание од „Макпрогрес“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ГОЛЕМИОТ ПОЖАР ВО „ВИНЧИНИ“

Помошта во најтешките моменти не се заборава. Компанијата „Био Ентерпрајз“, дел од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за несебичната поддршка при големиот пожар што пред една година зафати дел од фабриката „Винчини“ во Виница. Признанието е симбол на солидарноста и меѓусебната поддршка меѓу македонските компании.

Веднаш по избувнувањето на пожарот, од биогасната електрана „Био Ентерпрајз“, лоцирана во близина на Свети Николе, самоиницијативно биле испратени цистерни со вода кон Виница, со цел да се помогне во гаснењето на огнената стихија.

Една година по пожарот, по обновувањето на оштетените производствени капацитети, компанијата „Макпрогрес“ организираше настан на кој им оддаде признание на сите што помогнале во справувањето со пожарот.

Од „Био Ентерпрајз“ истакнуваат дека добиеното признание има посебно значење, бидејќи ја потврдува важноста на солидарноста во деловната заедница.

„За нас, ова признание има посебна вредност, не само како израз на благодарност, туку и како потврда за важноста на меѓусебната поддршка во деловната заедница“, посочуваат од компанијата.

Оттаму нагласуваат дека успешната економија не се гради само преку конкуренција, туку и преку соработка, меѓусебна почит и подготвеност да се помогне кога е најпотребно.

„Веруваме дека на бизнис-секторот му се потребни здрава конкуренција и успешни компании, но исто толку му се потребни солидарност, меѓусебна почит и подготвеност за помош“, се наведува во соопштението.

Од компанијата потенцираат дека ваквите вредности не се важни само за поединечните компании, туку и за развојот на целокупната македонска економија и општеството.

„Горди сме што можевме да подадеме рака и да помогнеме во момент кога помошта беше најпотребна“, порачуваат од „Био Ентерпрајз“, упатувајќи им желби за понатамошни деловни успеси на своите пријатели од „Винчини“.

Признанието од „Макпрогрес“ останува потсетник дека во кризни моменти, покрај деловниот успех, особено значење имаат хуманоста, заедништвото и подадената рака.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk