Во моментов имаме историски најниска бројка на невработеност после осамостојувањето на Македонија, порача денеска од Штип заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој одговараше на новинарски прашања за колкава е невработеноста во земјата. Ристески забележа дека оваа Влада кога дојде затекнала околу 100.000 невработени лица, а сега се околу 86.000 лица.
-Целта беше првата година да се намалат под 90.000, па потоа наредната цел е бројот на невработени да се намали под 80.000. Да напоменам дека од тие 86.000 или 85.000 невработени лица, голем дел се занимаваат со земјоделие, а остатокот се оние лица кои немаат завршено сè уште средно образование, а се евидентираат во самиот список за невработени лица – тоа се лицата од 16 до 18 години. Сакам да кажам дека бројката е многу помала и изнесува некаде околу 40.000–45.000, а тоа е 5–6 проценти од работно способното население во Македонија. Што значи, историски најниска бројка на невработеност после осамостојувањето на Македонија, изјави Ристески
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата