logo
logo
logo

Мицкоски за Денот на АНБ: Институција во заштитата на националните интереси и безбедноста на граѓаните

Vecer | 01.09.2026

Мицкоски за Денот на АНБ: Институција во заштитата на националните интереси и безбедноста на граѓаните

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на свеченоста по повод одбележување на Денот на Агенцијата за национална безбедност.

-Вечерва присуствував на свеченото одбележување на Денот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), настан посветен на улогата, одговорноста и професионалниот ангажман на припадниците на институцијата во заштитата на националните интереси и безбедноста на граѓаните. Во време на сложени безбедносни предизвици, од особено значење се професионалноста, посветеноста и континуираното јакнење на институциите, стои во објавата на официјалниот фејсбук профил на Мицкоски.

Премиерот Мицкоски, воедно, на сите припадници на АНБ им упати честитки за нивната работа, посакувајќи им, како што посочува, успешно исполнување на мисијата во интерес на стабилна, безбедна и просперитетна Македонија.

На свеченоста што се одржа во Македонската опера и балет, присуствуваа бројни гости меѓу кои и претседателот на Собранието, министри во Владата, пратеници, претставници на институции, на дипломатскиот кор и други гости.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk