Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за стравичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, една од најцрните трагедии во македонската историја, во која 63 лица го загубија животот, а над 200 беа повредени.
Судењето влегува во клучна фаза со вкрстено испрашување на тимот градежни вештаци од Градежниот факултет при УКИМ, предводени од професорот Горан Марковски. Одбраната на обвинетиот сопственик Гроздан Милковски и општинските инспектори ги притиска вештаците со прашања за пренамената на објектот, бесправните градежни активности, лиценците за работа и пропустите во инспекцискиот надзор.
Со завршувањето на распитот на вештите лица конечно финишира изведувањето докази од страна на тимот од 15 јавни обвинители, по што одбраната на обвинетите ќе го започне својот тек. Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата