logo
logo
logo

АУДИО Резултатите на Премиерот Заев во ЕУ

Vecer | 30.06.2021

АУДИО Резултатите на Премиерот Заев во ЕУ

На социјалните мрежи е објавена аудио снимка од изјавата на португалската министерка за европски прашања Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик.

Португалската амбасадорка во земјава се обиде да демантира дека Закаријаш рекла дека македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик, но аудио снимката го покажа спротивното.

Дури државната секретарка го користи терминот „The North-Macedonian language “, односно „северномакедонскиот јазик“.

[embed]https://youtu.be/3MYtfs4cDwY[/embed]

За ширачите на лажни вести на државен трошок врз граѓаните на Северна, аудио снимката ја објавија и нивните шарени и звучи исто

[embed]https://youtu.be/hHlFqdIte74[/embed]

Јазикот на Македонија некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на двете земји, е последната порака која ни пристига од Португалија заедно со тоа дека позицијата на Бугарија мора да се почитува за да нема несогласувања во ЕУ.

Државната секретарка на Португалија за европски прашања, Ана Пола Закаријас, изрази надеж дека изборите во јули во Бугарија ќе донесат решение за ветото на оваа држава за започнување на преговорите на Македонија за членство во Европската Унија, објави бугарската новинска агенција „Бгнес“.

Закаријас, чија земја ќе го предаде ротирачкото претседателство со ЕУ на Словенија на 1 јули, очекува дека како земја од истиот регион, Словенија ќе помогне да се најде решение за проблемот, но истакна дека позицијата на Бугарија мора да се почитува за да нема несогласувања во ЕУ.

Според неа Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и идната соработка.

– Во моментов, тие работат на нешто како патоказ што ќе им помогне да работат заедно, и Бугарија да има гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат непречено. Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција – запомнете дека го смени името на земјата. Но, тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на двете земји. Во Бугарија има избори на 11 јули и мислам дека бугарските власти ги чекаат резултатите пред да одлучат како да постапат“, рече таа пред новинарите во Лисабон.

Закаријас рече дека членките на Унијата морале да ја почитуваат бугарската позиција и дека тоа и го сториле.

„Важно е да не се воведат несогласувања и проблеми во ЕУ меѓу две земји. Ние сакаме тие да бидат решени пред некоја земја да влезе во Европската Унија“, рече Закаријас.

ПОВРЗАНО СО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ОД КАБИНЕТОТ НА ПРЕМИЕРОТ : https://mia.mk/zaev-e-a-iskoristime-zhelbata-za-razgovori-so-bugari-a-ne-razgovarame-za-identitetot-i-azikot-tuku-za-portugalskiot-predlog/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk