logo
logo
logo

Корупцијата пред пораз

Анкета: ВМРО ДПМНЕ 28% - СДСМ 22%. Данела А. 18% - П. Шилегов 13%

Vecer | 10.10.2021

Анкета: ВМРО ДПМНЕ 28% - СДСМ 22%. Данела А. 18% - П. Шилегов 13%

Институтот „АКСИОС“ во периодот од 02.10 до 06.10.2021 година спроведе анализа на јавното мислење на стратифициран примерок во секоја општина/Град Скопје во Република Македонија засебно во однос на демографската средина и бројот на жители во општината/градот Скопје.

Анкетата е спроведена на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.

За истражувањето на рејтингот на политичките партии поврзано со локалните избори е спроведено на примерок од 1345 испитаници на територија на цела Република Северна Македонија.

Во последното истражување направено од институтот АКСИОС, видливо е зголемување на рејтингот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 1 процент наспроти СДСМ и нивната коалиција. Исто така, на анкетата извршена на територија на град Скопје зголемена е предноста за 0.9 проценти на независната кандидатка, Данела Арсовска, пред својот против кандидат Петре Шилегов од СДСМ и коалицијата.

Според рејтингот на партиите, ВМРО ДПМНЕ  е во убедливо водство со 28,2% поддршка наспроти СДСМ со 22,7%. Кај партиите на македонските Албанци блага предност на Алијанса и Алтернатива кои имаат подддршка од 6,4% наспроти ДУИ со 6%.

Кој ќе биде иден градоначалник на Скопје? Според анкетата тоа ќе биде Данела Арсовска која има голема предност пред Петре Шилегов од СДСМ. За Данела Арсовска би гласале 18,9% а за Петре Шилегов само 13,2% од скопјани.

Статистичкта грешка на анкетата е околу 2%.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk