logo
logo
logo

Алајбеу, директорот на албанската „Американ Хоспитал“, нов СОПСТВЕНИК на „Жан Митрев“ – му отплатил на Жан кредит од 12 милиони евра?!

Vecer | 14.11.2022

Алајбеу, директорот на албанската „Американ Хоспитал“, нов СОПСТВЕНИК на „Жан Митрев“ – му отплатил на Жан кредит од 12 милиони евра?!

„Бизнисменот од Албанија Клодијан Алајбеу ќе биде новиот сопственик на Клиничката болница ‘Жан Митрев’ во Скопје. По скандалите во последниот месец , што избувнаа во медиумите во врска со болницата ‘Жан Митрев’ кога во време на пандемија направи низа злоупотреби со пациенти заболени од ковид 19, изгледа дека Митрев доживеал голема загуба“, објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА пишува: „Според информациите што кружат, ’Жан Митрев’ зела кредит од една странска банка и поврзано со ова е постигната спогодба со бизнисменот од Албанија тој да ги преземе сите кредити, за да ги избрише долговите, кои ги има болницата, како и други обврски за плаќања. Според неофицијалните информации, ‘Жан Митрев’ зела кредит од 12 милиони евра, но информацијата за оваа сума не е официјално потврдена ниту од новиот сопственик Клодијан Алајбеу, ниту од стариот сопственик Жан Митрев.“

„Алајбеу е сопственик и на ‘Американ Хоспитал’, како и поранешен сопственик на Телевизијата АБЦ Њуз, која деновиве веќе ја продал“, објави ИНА.

Засега нема информации колку пари Жан Митрев добил од продажбата на неговата болница во Скопје, ако е точна таа информација. Според информациите што можат да се пронајдат на интернет за 44-годишниот Алајбеу, тој дипломирал кардиологија на Универзитетот во Анкара во Турција и од 2006 година е соосновач а моментно и извршен директор на мрежата на болници „Американ Хоспитал“. „Американ Хоспитал“ има три болници во Тирана, една во Драч и една во Фиер во Албанија, како и две болници во Косово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk