logo
logo
logo

Ахмети: Избравме АЛБАНЦИТЕ ДА БИДАТ ГОСПОДАРИ ВО ОВАА ЗЕМЈА

Vecer | 06.11.2023

Ахмети: Избравме АЛБАНЦИТЕ ДА БИДАТ ГОСПОДАРИ ВО ОВАА ЗЕМЈА

Музејски некспонати меѓу кои и знаме на т.н. „Голема Албанија“ се наоѓаат во комплексот посветен на УЧК во кумановското село Сопот кој викендов го отвои лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На свеченоста, како што пренесоа дел од медиумите, Ахмети упатил неколку пораки дека Албанците се господари во Македонија и дека се државотворци.

– Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари во оваа земја и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено. Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен – изјавил Ахмети, пренесе Плусинфо

Во музејот се изложени фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари, но и фотографиите од поранешниот командант на УЧК, Али Ахмети.

Пред влезот на комплексот се наоѓа мермерна плоча со картата на „Голема Албанија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk