logo
logo
logo

По многу години најави: ОВА Е ДОГОВОРОТ ЗА ГАСОВОДОТ, И СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН

Vecer | 27.08.2026

По многу години најави: ОВА Е ДОГОВОРОТ ЗА ГАСОВОДОТ, И СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН

Договор за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод Македонија-Србија потпишаа денеска Недим Рама, директор на АД „Номагас“ и директорот на „Рапид Билд“ Тони Каранфиловски во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

По спроведената постапка за доделување на договорот, за најповолна е избрана понудата на компанијата „Рапид Билд“, во вредност од 29,4 милиони евра. Станува збор за договор по принципот „клуч на рака“, според моделот FIDIC кој ги опфаќа урбанистичкото планирање, проектирањето, изградбата и обезбедувањето одобрение за употреба – информира Рама по потпишувањето на договорот.

Македонскиот дел од интерконекторот ќе биде долг 22,4 километри, со дијаметар од 500 милиметри. Почетната точка ќе биде кај блок-станицата „Клечовце“, а крајната точка ќе биде на границата со Србија, во близина на селото Сопот.

Во рамките на проектот ќе бидат изградени и пет придружни објекти: главна интерконекторна мерна станица, редукциска станица, блок-станица и две приемно-отпремни чистачки станици. Предвидениот технички капацитет на гасоводот изнесува до 160.000 кубни метри гас на час, со можност за двонасочни текови, а рокот за целосна реализација на проектот е четвртиот квартал од 2028 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk