logo
logo
logo

Ја украде калдрмата, ја изеде тревата...

ШИЛЕГОВ ЗА ОВОЈ ТРЕВНИК И ДЕСЕТ ДРВА ПОТРОШИ 500.000 ЕВРА! Трева нема а ни дрва, па Орце го санира

Vecer | 22.08.2026

ШИЛЕГОВ ЗА ОВОЈ ТРЕВНИК И ДЕСЕТ ДРВА ПОТРОШИ 500.000 ЕВРА! Трева нема а ни дрва, па Орце го санира

Пред шест години тогашниот градоначалник Петре Шилегов спроведе еден од серијата негови коруптивни “проекти“ - тревник и десетина дрва на плоштадот Македонија на површина не поголема од 6.000 квадратни метри и за таа цел беа платени 500.000 евра. 

Цена како да е купена “трева“ од планатжите за марихуана на кланот Заеви.

Дрвата, на слободен пазар, се околу 50-70 евра секое (вкупно до 700 евра), а поставување на подлога и трева за околу 6-7.000 квадратни метри е цена околу 15-17.000 евра. Значи, недостасуваат барем 480.000 евра од парите за “проектот“. 

Да споменеме, патем, за уште два “зелени проекти“ на Шилегов кои целосно исчезнаа: зелен покрив на трговскиот центар Мавровка за 700.000 евра кој го нема, како и “озеленување“ на ГТЦ кое не го видовме. Па и куќа за пингвини од 250 метри квадратни изградена по 1.200 евра квадрат во време во кое во Скопје тоа беше цена за квадратен метар на стан, сајтот на Град Скопје платен 75.000 а услугата е до 3.000 евра.

Исчезна и старата калдрма од пред Градски стадион. Квалитетен, најскап камен кој издржал децении и кој на пазарот се продава како ексклузива. Според информации и слики на лице место тој камен “ексклузивно“ е сликан во новоизградена викендица на Петре Шилегов во Маврово.

Шилегов, човекот што “го продаде кучата“ на град Скопје си замина без истраги, што е и очекувано за неговите ортаци од обвинителството под контрола на СДСМ и ДУИ. А зад него остана пустелија, помеѓу останатото, и на градскиот плоштад Македонија која сега градоначалникот Орце Георгиевски мора од корен да ја санира. И, секако, не за 500.00 евра.

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во тек е хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, со цел површината да стане мала зелена оаза во центарот на Скопје.

Паралелно се заменуваат оштетените подни плочки кај Порта „Македонија“, а обновувањето на преостанатите оштетени делови ќе продолжи следната недела.

Скопскиот градоначалник информираше дека со засилена динамика се работи и на обновувањето на подната фонтана.

-Наскоро, целиот овој простор повторно ќе претставува уредна, современа и привлечна целина, вистинска разгледница на Скопје. Се грижиме за секој простор и за секој детал, затоа што центарот на главниот град мора да биде неговото најубаво лице. Нашето Скопје заслужува, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk