Последните речиси две години Израел фрла бомби и ракети насекаде: бомбардирани се Иран, Сирија, Ирак, Либан а врз палестинската територија се бомбардира и урива постојано додека над милион Палестинци се иселуваат.
Според Турција, тоа е опасно не само за наведените држави, туку и за нивните, турски стратешки интереси, поради што се случува тензија помеќу Израел и Турција. Последниот чекор на турските власти е оној од кој нема враќање назад.
Турција издаде нова меѓународна потерница за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како дел од истрагата за пресретнувањето од страна на Израел на активистичка флотила која била на пат да достави помош во Појасот Газа, изјави денес турскиот министер за правда Акин Гурлек.
Гурлек објави на платформата X дека во Истанбул се води судска постапка против 35 обвинети во врска со тоа пресретнување.
Како дел од таа постапка, издадена е меѓународна црвена потерница за израелскиот премиер, рече турскиот министер.
За што Турција го обвинува Нетанјаху?
Според Гурлек, Нетанјаху е обвинет за злосторства против човештвото, наводен геноцид, намерно нанесување повреди, тортура, оштетување на имот, тешка грабеж и киднапирање на транспортни возила за време на операција за пресретнување на цивили кои доставуваат хуманитарна помош во Појасот Газа во меѓународни води, како и за притворање на активисти.
„Категорично го отфрламе ставот дека администрацијата на Нетанјаху, која ја спроведува политиката на геноцид во Газа, е недопирлива и ослободена од одговорност“, рече Гурлек. Тој додаде:
„Нема да дозволиме злосторствата извршени во Газа да бидат прикриени, ниту сторителите да бидат заштитени со неказнивост. Решително ќе ги искористиме сите можности што ги нуди националното и меѓународното право.“
Турција претходно веќе издаде налози
Турција веќе издаде налози за апсење на Нетанјаху и други високи израелски функционери за наводен геноцид во врска со дејствијата на Израел во војната против палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.
Израел ги отфрла обвинувањата за геноцид.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата