Нема нови критериуми за пристапување кон Европската Унија за земјите кандидатки за членство, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, појаснувајќи дека последните пораки од Брисел не се однесуваат на нашата држава.
„Нема нови критериуми кога станува збор за пристапување кон ЕУ, за земјите кандидати...сега за сега. Ќе видиме што ќе се случува понатаму. Има неколку предизвици коишто стојат на располагање и се пред нас, не само како држава, туку и на самата ЕУ. Изјавата на еврокомесарката е во поинаква конотација дадена и не се однесува на Македонија како држава. Ние имаме целосно усогласена надворешна и безбедносна политика со ЕУ, имаме апсолутно целосна доверба во ЕУ, работиме на реформите. Во декемврискиот извештај бевме најдобри, очекувам исто да биде и во јунскиот извештај“, рече Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата