logo
logo
logo

Tрагедија во Равен, гостиварско

60-ГОДИШЕН МАЖ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ НА ФУДБАЛСКИ СТАДИОН: Во негова близина имало моторна пила, полицаец тешко повреден при увидот

Vecer | 22.09.2026

 60-ГОДИШЕН МАЖ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ НА ФУДБАЛСКИ СТАДИОН: Во негова близина имало моторна пила, полицаец тешко повреден при увидот

Трагичен настан се случил во селото Равен, каде што 60-годишен маж бил пронајден починат на фудбалскиот стадион, а за време на увидот на местото на настанот тешко се повредил и полициски службеник.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 септември во 23:15 часот во ОВР Гостивар, Ј.А. (45) од Равен пријавила дека нејзиниот сопруг А.А. (60) околу 7 часот заминал на работа во Гостивар, но не се вратил дома и не одговарал на телефонските повици.

По преземените мерки и активности, во 00:20 часот на 22 септември А.А. бил пронајден починат на фудбалскиот стадион во селото. Во негова непосредна близина била пронајдена моторна пила.

Смртта ја констатирал лекар од Ургентниот центар во Гостивар, по што на местото бил извршен увид од јавен обвинител, лекар по судска медицина, увидна екипа од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар.

За време на службените дејствија, околу 1:50 часот, полициски службеник паднал во отворена и необележана бетонска шахта длабока околу 1,5 метри. Тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk