logo
logo
logo

Лазар Еленовски - ЗА ГАЗЕЊЕТО НА ЖАБАТА СО ШЛЕПЕР

Vecer | 02.10.2026

Лазар Еленовски - ЗА ГАЗЕЊЕТО НА ЖАБАТА СО ШЛЕПЕР

Венко, како претседател на СДСМ, кога другпат ќе цитира познати реченици од минатото на СДСМ, како што и сам кажа, бидејќи не бил тогаш таму, подобро најпрво нека се распраша за контекстот, значењето и пред се резултатот, а не само за ексклузивноста на реченицата на Бранко „ќе ги згазиме како шлепер жаба“, во пресрет на парламентарните избори 1998 година.

Во тоа време СДСМ ја имаше целосната политичка контрола во државата, огромно мнозинство во парламентот (дека ВМРО ДПМНЕ бојкотираше), бизнисот, меѓународната заедница, медиуми, цивилниот сектор, се беше на еден начин наредено за да се мисли дека победата е очигледна. Тогаш и се создаде тој термин за „сдсмовска ароганција“ кој партијата ќе ја чини многу во наредниот период, се до денес.

Околу пола година пред изборите, на седница на ЦО СДСМ (мислам дека беше проширена, значи со претседатели на општински и членовите на влада) за подготовка на изборите, излегува Љупчо Јордановски на говорница со хамер и фломастер. За јавноста Љупчо е познат како претседател на Собрание, но за СДСМ тој е уште позначаен како еден од основачите на партијата. Љупчо беше врвен интелектуалец, ако може да кажам и генијалец, и пресметува математички на хамерот како СДСМ на претстојните избори ќе освои отприлика 27, 28 мандати. Нормално цела сала му се изнасмеавме, на чело со Бранко. Но после 6 месеци тој излезе единствен во право бидејќи СДСМ освои 29 пратенички места.

Оваа анегдота и научена лекција секогаш ме потсетувала понатаму во животот кога ќе се спомнела реченицата за жабата и шлеперот.

Затоа другарот Венко, нека внимава какви ексклузивни изјави дава и со кого се консултира, бидејќи погрешните проценки можат многу повеќе да ја чинат СДСМ отколку што мисли. Негова е одговорноста, заради тежината на позицијата на која е, тој да најде вистински (помудар и инвентивен) начин да го убеди своето членство и симпатизери, но и јавноста, пред се опозиционо ориентираната, во неговите добри намери за Македонија.

Лазар Еленовски беше долгогодишен член на СДСМ и претседател на Социјалдемократската младина. Подоцна, во 2008 година, тој ја основа и ја предводеше Социјалдемократската унија (СДУ). Беше Амбасадор во Белгија и Луксембург (2012–2016), а работеше како шеф на дипломатската мисија во Брисел. Беше специјален пратеник за НАТО (2018–2020) и беше назначен за специјален претставник на Владата за интеграција во НАТО во Брисел пред официјалниот влез на земјата во Алијансата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk