logo
logo
logo

ДИРЕКТОР НА ЗДРАВСТВЕН ДОМ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА - Ја злоупотребил службената положба

Vecer | 17.09.2026

ДИРЕКТОР НА ЗДРАВСТВЕН ДОМ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА - Ја злоупотребил службената положба

Полицијата поснесе кривична пријава против С.Б.(63), директор на ЈЗУ Здравен дом во Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

- Во текот на 2025 година, во својство на директор на ЈЗУ Здравен дом „Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски“ во Свети Николе, не постапил согласно одредбите од Закон за користење и располагање на ствари во државна и општинска сопственост и без да спроведе соодветна постапка и без да обезбеди потребна согласност од Владата, отуѓил движни ствари за кои немало соодветни податоци за нивниот вид и количина во вкупна вредност од 75.000 денари. Со тоа, пријавениот овозможил трети лица да се стекнат со противправна имотна корист, нанесувајќи му штета на Министерството за здравство за истиот износ, се наведува во соопштението од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk