logo
logo
logo

Ѓорѓиевски: СО МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ГО ПОДГОТВУВАМЕ СКОПЈЕ ЗА ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА

Vecer | 17.09.2026

Ѓорѓиевски: СО МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ГО ПОДГОТВУВАМЕ СКОПЈЕ ЗА ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА

Скопје ја зајакнува својата поврзаност со европското семејство на културата. Потпишан е Договорот за соработка меѓу Нова Горица – Горица 2025 и Фондацијата Скопје 2028, со кој отвораме нови можности за нашите уметници, културни институции, независната сцена и младите, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Со ова партнерство создаваме основа за заеднички културни проекти, поврзување на фестивали, размена на знаења и искуства и подготовка на заеднички апликации за европски фондови. Искуството на GO!2025 е особено значајно за подготовките на Скопје за титулата Европска престолнина на културата во 2028 година. Како градоначалник, се залагам меѓународната соработка да донесе конкретни придобивки за нашите граѓани, како повеќе можности за творештво, поголема видливост на нашата култура и партнерства што ќе продолжат и по 2028 година, посочи тој.

Ѓорѓиевски упати благодарност до градоначалникот Само Турел, директорката на GO!2025, Мија Лорбек, и тимот на Фондацијата „Скопје 2028“, предводен од Марјан Цветковски, за заедничката посветеност.

Градиме Скопје кое преку својата култура, различност и креативност активно придонесува кон европската културна приказна, посочи тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk