Крис Делисо, американски новинар и директор на Balkanalisis.com, за порталот Експрес своевремено изјави дека Зоран Заев бил избран од западните сили само затоа што бил лидер на опозициската партија на социјалдемократите која била искористена како главно оружје за соборување на конзервативната партија (ВМРО ДПМНЕ).
- Значи, не станува збор за лична преференција и Заев всушност не е највлијателната личност во таа партија. Сепак, тој решил да им вети нешто на Западот и на Албанците, што може да биде опасна одлука. Очигледно, најважно за него било да ја освои власта. Но, ветувањата не се доволни за Западот бидејќи тие го гледаат социјалдемократите само како средство за контрола на балканскиот коридор и постигнување на политички и економски цели.
Кога Обама дојде на власт во 2008 година, американската надворешна политика се најде под силно влијание на Џорџ Сорос и влијателни луѓе од ерата на Клинтон, вклучувајќи ги потпретседателот Џозеф Бајден и секретарката Хилари Клинтон, како и нејзиниот близок помошник Џон Подеста. Во летото 2016 година, „Викиликс“ откри дека Подеста работел за Сорос кога, во 2003 година, преку невладиниот сектор, тие започнале борба против републиканците со крајна цел да создадат непознат кандидат, Обама - објаснува Делисо, додавајќи дека администрацијата на Трамп, која е многу антисорос, сè уште немала време да го исчисти Стејт департментот и разузнавачките агенции од претходните групи луѓе на Обама и Клинтон.

- Тие функционери продолжуваат со старата политика и предизвикуваат нестабилност во Македонија. Затоа сега има вистинска драма во Вашингтон бидејќи републиканците се обидуваат да ја прекинат политиката на демократите и да ги намалат програмите на УСАИД, што треба да влијае на изборите и овде и во другите балкански земји. Вториот главен поддржувач на Заев се Германците.
Ангела Меркел и нејзиниот кабинет особено ја мразат Македонија затоа што одби да биде тампон-зона за мигрантите за да го спаси Берлин од сопствените катастрофални политики. УНХЦР имаше предлог, што лично го слушнав од нив, да се изградат кампови за 30.000 бегалци во Македонија. Владата на Груевиќ го одби тоа, како и Грција, сфаќајќи колку безбедносни ризици ќе донесе тоа - истакнува Делисо, истакнувајќи дека германската разузнавачка служба БНД, која традиционално го контролира албанскиот фактор на Балканот, сега игра важна улога.
Заев, на тој начин во 2017-та ја освојува власта без победа на избори. По изборите - од Белград доаѓа Зоран Башановиќ. Кум на Алксандар Вучиќ кој, пред доаѓањето во Македонија е, благо речено, во непријателски односи со српскиот претседател Вучиќ и блиско соработува со српската опозиција предвоидена Драган Ѓилас и акстивстите на Џорџ Сорос.
Зоран Заев тесно соработува со луѓе од тој опозициски политички круг во Србија. Така, естрадниот менаџер Зоран Башановиќ станува негов советник. Му помогнал на Заев во кампањата, а од 2017-та се преселил во Скопје со целото семејство.
Башановиќ со години претходно е активен во соработка со српското подземје, црногорскиот криминал клан и косовските дилери што е и главна причина за неговиот судир и непријателство со Алексасндар Вучиќ кој одбива да му даде поддршка и заштита во неговите криминални планови. Во 2012 година Зоран Башановиќ и неговата сопруга Бојана беа уапсени за кражба на брендирана гардероба и постелнина од трговски центар во Мајами, но биле ослободени со кауција.

Српски Телеграф објави информација дека Башановиќ, за да му помогне на Зоран Заев, во Македонија ќе ги довел поранешниот директор на ЕПС Александар Обрадовиќ и поранешниот шеф на Агенцијата за приватизација Љубомир Шубара на чело на истите тие компании во Македонија. Во тој текст се споменува и дека поранешниот член на кланот Сурчин, Милан Наранџиќ Лимун, долгогодишен пријател на Башановиќ, е вклучен и во поделбата на функциите во договорот меѓу Башановиќ и Зоран Заев.
ВМРО ДПМНЕ уште тогаш посочи дека Зоран Заев „соработува со косовската мафија“.
- Заев ја претвори партијата во криминално-мафијашка организација, која е поврзана со браќата Геци, познати по злосторствата и криминалот во Косово и Метохија - објавија македонските и српските медиуми. Во албанските кругови, браќата Геци се сметаат за опасни играчи кои имаат работа во Америка, но се држат подалеку од политиката.
Порталот Експрес пишува: Упатените тврдат дека врската помеѓу Заев и Сорос е поранешната премиерка Радмила Шекеринска, која ја започна својата кариера во Фондот за отворено општество на Сорос. Сепак, постојат уште неколку врски со Џорџ Сорос. Тука е и Стево Пендаровски, поранешниот советник за национална безбедност на Црвенковски, но и членови на старата гарда, луѓе како Љубомир Фрчковски, министерот од деведесеттите години.
ШТО МУ ДОНЕСЕ БАШАНОВИЌ НА ЗАЕВ И ВО МАКЕДОНИЈА
Врската на кумовите Башановиќ и Вучиќ беше многу турбулентна во последните неколку години пред прекон на односите, а потоа Вучиќ не штедеше зборови напаѓајќи го Башановиќ, кој беше мета на неговите соработници и таблоиди пишува порталот Директно. Имаше многу остри зборови и обвинувања против Башановиќ, кои кулминираа кога Башановиќ одеднаш отиде во Македонија да води кампања за својот пријател Зоран Заев!
Во тоа време, според слики кои ги објавува сопругата на Зоран Башановиќ на Инстаграм, брачната двојка Башановиќ се населила во Емиратите, поточно во Дубаи и Абу Даби. Дубаи, потоа, ќе биде домаќин и на фамилија Заеви.

Со српската мафија од Белград и Црна Гора која со себе ја носи Башановиќ во Македонија, ќе дојдат и агенциите кои со години работат на државни уадри и преврати како во Србија така и пошироко, онаму каде што ќе добијат политичка задача и соодветна исплата.
„Шарената револуција“ ја организира агенцијата Канвас, предводена од Срѓа Поповиќ. Канвас е организација основана во 2004 година, со цел да пренесе искуство во борбата против “авторитарните режими во други земји“, или преведено на нормален јазик - да организира држани удари за потребои на западните либерали и левичари. За „Октомвриската револуција“ во Србија и „Отпор“, претставена како спонтана организација на обични активисти се појавија и званични податоци од новите американски власти. “Во принцип, операцијата (во Србија) беше целосно јавна и финансирана од конгресни грантови од околу 10 милиони долари за фискалната 1999 година и 31 милион долари за 2000 година.“
Отпор се покажа како толку успешен што беше одлучено организацијата да се вклучи во демонстрациите во Украина во 2004 по шаблонот првично имплементиран во Србија, овој пат со американска финансиска помош вредна 65 милиони долари. „Ги обучивме како да основаат организација, како да отворат локални ограноци, како да создадат „бренд“, како да дизајнираат лого, симболи и клучни пораки. Ги обучивме како да ги откријат клучните слабости во општеството и кои се најголемите проблеми на граѓаните, односно што би можело да биде мотивирачки фактор за луѓето, особено младите, да излезат да гласаат и на тој начин да ја обликуваат својата иднина“, изјави за Радио Слободна Европа во декември 2004 година Александар Мариќ, активист на Отпор, или Канвас, кој самиот бил во Украина во неколку наврати.
Канвас потоа, како платена герила за државни удари, ќе се појави во Грузија, Либија, Белорусија, повторно во Украина во 2014-та година... и во Македонија во 2017-та година.
Во оваа “организација“ според Прирачник за акција во 50 точки на Канвас се учат и се спроевдуваат демоинстрации, судири со полицијата, напади врз јавни објекти и функциоинери, формирање групи за насилни акции... видено на дело и во “студенстките демонстрации“ во Србија минатата година.
Во ноември 2014-ѕа Обединетите Арапски Емирати објавија список од 82 организации што земјата ги смета за терористички. На списокот се наоѓаат екстремистички исламски организации како што се Ал-Каеда во исламскиот Магреб, Боко Харам, Лашкар е Таиба, Исламска држава, Фронтот Ал-Нусра, но и организацијата Канвас од Белград. Канвас е прогласен за терористичка организација

„Изненаден сум и шокиран“, изјави за српските медиуми Срѓа Поповиќ, основач на Центарот за применети ненасилни акции и стратегии (CANVAS).
Канвас е организаторот на акциите во 2015-2017 во Македонија, Шарената револуција за потреби на СДСМ и Зоран Заев, со познатиот српски слоган на македонските ѕидови: “Никад више ВМРО“ напишан од српските активисти на Канвас дојдени во Скопје откако констатирале дека нивните македонски соработници се слаби и недоволно активни во демонстрациите..
Канвас е организаторот за акциите, но акциите треба да се артуклираат, промовираат и да им се наметнат на граѓаните дека се “спонтани и прогресивни“. За тоа требаат ПР Агенции. За тоа се ангажирани агенции кои со години се донирани и финансирани од фондацијата на Сорос и имаат пракса во политчкото делување.
Во време на Шарената Револиуција Зоран Башановиќ е во тензични односи со српскиот претседател Александар Вучиќ и владеачката партијата СНС. Во есента 2016 година Башановиќ поднесе оставка од членство во Главниот одбор на СНС, беше прогласен за персона нон грата. Изолиран од нив и без можност за планови заработка. Веднаш по исклучувањето и протерувањето од Вучиќ на Башановиќ, Зоран Заев му се јавува како можност за нови планови. Во тоа време Зоран Башановиќ е близок соработник на опозиционерот Вук Јеремиќ.
Во Македонија Башановиќ ги внесува во соработка со Заев луѓето од опозицијата во Србија (Драган Ѓилас, Вук Јеремиќ, Чеда Јовановиќ) и разни измамници како Дарко Трифуновиќ, лажен професор на Правниот факултет, Влада Петровиќ, поранешен амбасадор во САД, итн.
Во текот на целиот тој период, Башановиќ живеел луксузно од заработките со Зоран Заев и компании во кои неговата сопруга Бојана фигурира како сопственик на 50%, додека другите 50% ѝ припаѓаат на Ива Појиќ, сопругата на кумот на Микеле (Миомир Појиќ). Добиваат огромни зделки и извлекуваат пари преку мноштво консултантски фирми. Башановиќ, гледајќи ја опасноста и скориот пад на Зоран Заев и СЈО, ја напушта Македонија по аферата Рекет.
Преку Зоран Башановиќ за ПР Агенција за потреби на Шарената Револуција но, и пар години потоа, се ангажира српската агенција Голин од Белград, дел од меѓународна Голин агенција.
Агенција за интегрирани комуникации Голин Београд на Таковска број 45, е основана во 2009 година. Првите осум години работи под името Раскин и Хант, а од 2016. године работи во состав на Интерпублиц групата (ИПГ). Голин Белград во време на Шарената револуција, и потоа, работи под раководство на Милан Шќекиќ и Иван Бендер.

Постои договор на реалција Зоран Заев (СДСМ и “невалдините“ на Сорос) од една и Зоран Башановиќ и Голин од друга страна за ПР услуги за Шарената револуција и потоа за промоции на владата на СДСМ/ДУИ за која се ветени 1,2 милиони евра на втората договорна страна.
Паралелно со ова Зоран Башановиќ има свои договори за консалтинг и проекти во областа на ИТ индустријата и енергетиката со Зоран Заев преку српски компании блиски до Башановиќ и српскиот опозиционер Драган Ѓилас. На крајот Зоран Заев не ги исплаќа до крај договорените пари на Агенцијата Голин и останува неплатен долг од 250.000 евра по кој соработката е запрена а долгот, барем до 2019 година, не бил платен.
Последниве месеци се реактивира соработката на СДСМ со српската опозиција откако активисти на СДСМ и ограноци на соросовата фондација Отворено општество Македонија учествуваат во “студентските“ протести во Србија, а во Македонија доаѓа Милан Шќекиќ, косопственик на Агенцијата Голин и работи ПР проекти за СДСМ под раководтсво на Венко Филипче и доскорешната шефица на соросовата фондација Фани Каранфиловска.
Целта е - создавање услови за нова Шарена револуција во Македонија. Засега, не е познато за кој износ се работи тој проект но, во плаќањето секако учествува и СДСМ, односно фамилијата Заеви која власта ја напушти со капитал кој е проценет од 800 милиони до над една милијарда евра во готово или инвестиран во Австрија, Швајцарија, Арапските Емирати, Индија, Бугарија...
Шќекиќ престојува претежно во хотелот Парк, зад градскиот стадион во Скопје. Случајно, или не, на 22.8.2019 година во време на исплата на долгот на Заев кон Голин Београд е основана Агенција за Маркетинг и комуникации Голин Скопје. Фирмата се уште се води како активна, денес без наведен основач и управител и без трансакциска сметка.
Досието, делумно, покажува со каква политичка мафија и подземје се соочувала и се уште се соочува Македонија.
Со силно политичко организирано подземје од меѓународен формат кое има една цел: да создава политички тензии, заблуда во јавноста, страв и дезориентација на јавноста која треба да заврши со демонстрации за смена на влaста без избори, особено без изборна победа ако изборите се неизбежни.
За возврат на политичката мафија идната наметната власт за која работеле од буџетот треба да им исплати надомест од јавните пари кој се брои во десетици милиони евра. Скапо? Не, ништо не е скапо ако се добие власт а потоа услугата се плаќа од буџетот, од јавните пари, а не од свој џеб.
Vecer.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата