На последните парламетрани избори во 2024 година Македонија објави дека има 1.815.350 гласачи. Според последниот на последниот попис во 2021 година во Македонија живеат 1.836.713 жители. Според тоа, Македонија е феномен: колку што има жители толку има и гласачи! Таков случај нема никаде во светот, за Европа ни теоретска можност за таква состојба!
Како Македонија се доведе во ваква, апсурдна и политички но, и правно сомнителна состојба, во која изборите и нивниот резултат не се реален одраз на политичката воља на населението?
Според Обединетите нации, 658.000 македонски граѓани, државјани, живет како иселеници во други држави, претежно во Австралија, САД и Европа. Според Светска банка 500.000 Македонци се иселеници низ светот.
Согласно тие податоци, според стандардите за возраст, 2/3 од нив имаат право на глас на парламентарните избори во Македонија, а тоа се над од 350 до 400.000 луѓе кои тоа право не можат да го остварат на одржлив и законски начин.
На пописот од 2021 година како нерезидентно население, граѓани на Македонија кои живеат подолго од една година во странство, се изјасниле (според пописот) 260.000 Македонци.
Каде е остатокот од околу 130-140.000 граѓани?
Политичката партија Левица активно повикуваше на бојкот на Пописот во 2021 година. Тие започнаа кампања под мотото „Не отворам врата“. Резултат: најмалку 140.000 етнички Македонци го бојкотираа пописот! Со тоа Левица изврши политички геноцид со подривање на политичкиот баланс од кој произлегуваат и политичките права на етничките заедници во државата.
Секако дека повикот на Левица не допрел до Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите или Бошњаците туку само до Македонците од причини што се секому познати.

По овој политички геноцид после кој Македонија остана без над 140.000 граѓани етнички Македонци во државните податоци, сега Левица и СДСМ во договор го довршуваат тој политички геноцид со бојкот на законски измени по кои граѓаните Македонци во дијаспората би имале реална можност да гласаат на изборите без да патуваат стотици километри до амбасада или конзулат кои Македонија, по пошта или електронски, согалсно својата големина и богатство ги има многу малку.
Дијаспората, и според сегашниот закон, има можност да изгласа само три пратеници во “изборната единица 7“ што е околу 6% од вкупниот состав на Собранието иако се потенцијал од најмалку 250.000 гласачи, што значи дека нема влијание да изврши пресврт во политичкиот баланс. Но, со гласањето, има можност да воспостави и одржи национална врска и економски односи со својата држава и нација и да бидат равноправни граѓани во својата држава што им е гарнтирано со Уставот, но не им е овозможено да го располгаат со соодветни закони кои, кога ги нема, им го одземаат уставното право.

Оттаму, бојкотот на СДСМ и Левица да се формализира со закон ова уставно право на населението нема политички последици за нив колку што има реакција од очај и бес поради сопстевната маргиналност и слаба политичка моќ, политичко изживување кон сопствените граѓани кои не ги признаваат како равноправни и кои не гласале за нив и сега вршат одмазда врз Македонците.
СДСМ и Левица, заедно, поднесуваат 13.000 амандмани кои ја развлекуваат евентуалната расправа на долг период кој е невозможен за да се донесе законско решение.
Што вели другата страна

Премиерот Христијан Мицкоски повика во Изборниот законик да се најде начин за гласање на дијаспората, како што изјави вечерва, електронски или преку писма, со цел да се зголеми излезноста на изборите, а правото на гласање да се оствари на наједноставен начин.
Отворени сме, вели Мицкоски, уште денеска, утре, да разговараме за сите модалитети.
– Јавно кажувам, дајте да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората. Не е битно дали тоа ќе биде електронско, дали ќе биде со писма.
Дајте да најдеме начин, да најдеме некоја пракса во светот како би успеале на тие луѓе да им овозможиме правото на гласање да го остварат на поедноставен начин бидејќи сега, конкретно го давам примерот со австралискиот континент, вие треба да патувате и по 10 часа авионски за да го остварите своето право и да се вратите назад.
Ретко кој ќе биде мотивиран и инспириран тоа да го прави, но доколку му овозможите преку својот паметен телефон или еве преку пошта, со писма или како било, нека се најде начин како тоа ќе се направи.
Подготвени сме да седнеме да разговараме само да ја зголемиме излезноста кај дијаспората. Ние сме подготвени повторно да преговараме. Имаме време да го завршиме Изборниот законик. Впрочем, и не се важни средствата коишто ќе ги изгубиме.
Важно е да имаме Изборен законик којшто ќе ги вклучува и содржи во себе препораките на ОБСЕ и ОДИХР и којшто ќе обезбеди поголема излезност за време на изборите, ние велиме, од претседателските ’29-та па натаму – рече Мицкоски во гостување на една од ТВ Сител.

Суштината, посочи, е да обезбедиме поголема излезеност на дијаспората, поголема комуникација меѓу татковината и дијаспората, затоа што целта ни е да ги вратиме тие луѓе.
– Ова ќе им биде еден мост, едно чувство дека тие учествуваат во политиките во сопствената држава, во татковината од којашто поради икс причини заминале, некои засекогаш, некои привремено. Целта ни е нас да ги вратиме тие луѓе. Е сега, некој се одлучи да прави филибастеринг и да не го дозволи правото на дијаспората да се чувствува како да е дома- наведе Мицкоски.
Не може да прифати дека со електронското гласање може да се случи изборен грабеж, затоа што, како што рече, не слушнал ниту еден аргумент како ќе се направи тоа.
– Ние сме земја членка на НАТО, врховен командант е претседателот на државата. Ние не би требало да влеземе во еден процес којшто во континуитет ќе рефлектира нестабилност. Или пак ќе се претвори во внатрешни политички претумбации или пазари и така натаму. Суштината е дека со поголема излезност на дијаспората, ние имаме национално чувство поголемо кај нив. Има и економски аргумент.
И сега ние имаме гласање на дијаспората, но само во дипломатско-конзуларните претставништва. Трошиме милиони праќајќи луѓе од тука да одат таму, да го спроведат процесот на гласање и да се вратат назад и во прв и во втор круг. Имаме многу аргументи зошто треба да го поедноставиме тој процес, а не да го усложнуваме- рече Мицкоски.
Тој вели дека не знае зошто се случи најавата од СДСМ и Левица за флибастеринг на Изборниот законик иако се било договорено.
– Едните ќе правеле 10.000 амандмани, другите ќе правеле 3.500 амандмани. Во ред, се борат и Левица и СДСМ против дијаспората. Јас не ги разбирам зошто тоа го прават – рече Мицкоски.
Отворени сме, дополни, уште денеска, уште утре, да седнеме да разговараме за сите модалитети коишто ќе овозможат.

Прво, не можам да ги сфатам СДСМ зошто имаат чувството дека во 2029 ќе бидат опозиција, претпоставувам уште од сега мислат дека ќе ги изгубат следните парламентарни избори, иако најавуваат во нивната реторика дека ќе ме апселе мене пред да сум се врател на факултет итн.
Тоа значи дека тие уште од сега велат дека во 2029-тата година ќе бидат опозиција и власта тогаш ќе ги намести изборите, тоест ВМРО-ДПМНЕ. Во ред, тоа можам еве да го прифатам како констатација дека тие однапред признаваат од денешна оптика дека тогаш ќе бидат опозиција. Јас тој губитнички менталитет не го разбирам, но ете, тие го имаат тој губитнички менталитет – рече Мицкоски.
Логиката е, дополнува тој, дека не може да се наместат, а оној кој денеска зборува за наместени избори на коишто ќе биде жртва, е денешната опозиција. Тоа значи дека и тогаш тие сметаат дека ќе бидат опозиција, па власта е таа којашто ги организира изборите заедно со Државната изборна комисија и логиката е дека тие и тогаш ќе бидат опозиција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата