logo
logo
logo

ВТОРНИК Е НЕРАБОТЕН ДЕН - Следуваат уште два продолжени викенда

Vecer | 02.09.2026

ВТОРНИК Е НЕРАБОТЕН ДЕН - Следуваат уште два продолжени викенда

Петок, 28 август, кога се одбележува празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, беше неработен ден за граѓаните.

Бидејќи празникот се падна во петок, граѓаните добија продолжен викенд од три дена, односно можност за одмор од петок до недела. За многумина ова беше одлична можност за кратко бегство од секојдневните обврски и уживање во продолжениот викенд.

Следниот неработен ден кој доаѓа наскоро е 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија. Празникот годинава се одбележува во вторник, па граѓаните ќе имаат можност за уште еден слободен ден во текот на работната седмица.

Следен неработен ден е 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела, со што добиваме продолжен викенд.

Потоа следи 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба, со што добиваме уште еден продолжен викенд.

Следен неработен ден е 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски.

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (недела) – Празникот на сите светци

25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk