logo
logo
logo

НАЈНОВ ИЗВЕШТАЈ НА ЦУК: Еве каде ситуацијата утрово е најкритична!

Vecer | 02.09.2026

НАЈНОВ ИЗВЕШТАЈ НА ЦУК: Еве каде ситуацијата утрово е најкритична!

До 7.30 часот утрово се регистрирани вкупно 41 пожар на отворен простор, од кои шест се активни, пет под контрола, а 30 се изгаснати.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица во општина Штип, каде што гори ниска вегетација), во селата Пискупштина, Луково и Буринец во општина Струга (шума), во село Копаница во општина Сарај (нискостеблеста шума и ниска вегетација), во село Палиград во Студеничани (ниска вегетација и мешана шума), во село Грачани во Ѓорче Петров (нискостеблеста шума) и во кичевското село Тајмиште, во местото викано Дардара, каде што е зафатена ниска вегетација и мешана шума.

ЦУК соопшти дека под контрола се пожарите во селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод: (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат), во село Драгов Дол во Македонски Брод: (ниска вегетација и шума), во село Белица во Македонски Брод (ниска вегетација и шума), над селото Палиград во општина Зелениково (мешана шума) и градската депонија во општина Делчево.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk