logo
logo
logo

НОВО РОЧИШТЕ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА: Градежните вештаци пред судот

Vecer | 02.09.2026

НОВО РОЧИШТЕ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА: Градежните вештаци пред судот

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Со изведувањето на градежното вештачење, изработено од тим од Градежниот факултет при УКИМ, и распит на вештите лица што го изработиле, како што е најавено, треба да заврши изведувањето докази од Обвинителството по што одбраната треба да почне со изведување докази.

На претходното рочиште, вештакот и професор Горан Марковски, одговарајќи на прашања на обвинетите, рче дека пренамената, реорганизацијата на просторот, промените на електричната, водоводната и на канализациската инсталација и вградувањето несоодветни материјали непосредно влијаеле врз исполнување на основните барања за безбедност на дискотеката „Пулс“.

Професорот посочи дека во согласност со Законот за градењето, надлежните органи морале да реагираат на незаконските зафати, но, таква реакција изостанала сè до 16 и 18 март 2025 година кога првпат биле изготвени записници од инспекциски надзор за веќе опожарениот објект.

Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk