Министерството за дигитална трансформација потсетува дека преостануваат само уште десет дена за студентите да аплицираат за ваучери за електронски уреди.
Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 се веќе искористени.
Во рамките на владиниот проект што се спроведува заеднички со Генералниот секретаријат и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студентите на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.
Рокот за аплицирање е 20 декември 2025 година, додека ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата