Седумдесет и пет прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување констатирала сообраќајната полиција при акциска контрола на територија на цела држава.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека контролата е направена вчера во периодот од 07 до 12 часот.
При спроведените контроли констатирани се 75 прекршоци, при што се преземени соодветни мерки согласно законските прописи. Во текот на контролата констатирани се и 283 прекршоци од друг вид, објави МВР на Фејсбук.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата