Фадиљ Пушколи, сопственик на косовската новинска агенција „КосоваПост“ и поранешен припадник на ОВК, синоќа бил приведен на граничниот премин „Блаце“ по налог и потерница издадена од Србија. За задржувањето на граница преку објава на Фејсбук информираше самиот Пашколи, кој побара институциите од Косово веднаш да ги преземат сите неопходни мерки за решавање на овој случај и за заштита на неговите права. Кратко потоа тој напиша дека бил пуштен.
Пушколи во вечерашната објава ѝ се заблагодарува на македонската полиција и посебно на Албанците во нејзините редови.
„По разговорот и испрашувањето, бев ослободен од полицијата на Северна Македонија. Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата на Северна Македонија, особено на полицајците Албанци, за коректноста, почитта и доброто однесување во текот на целата постапка“,
напиша тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата