logo
logo
logo

ГРЦИЈА ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА НА ПРИВИЛЕГИРАНА ЛИСТА за даноци заедно со други 40 држави

Vecer | 08.08.2026

ГРЦИЈА ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА НА ПРИВИЛЕГИРАНА ЛИСТА за даноци заедно со други 40 држави

Грција на стави Макеоднија на листата држави од кои може да се соработува а да се применува привилегирана даночна стапка.

Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерската одлука за „Определување на државите кои имаат привилегиран даночен режим, врз основа на одредбите од ставовите 6 и 7 на член 65 од Законот 4172/2013, за даночната 2024 година“ е објавена во Службен весник на Грција и потпишана од министерот и заменик-министерот за национална економија и финансии Кирјакос Пиеракакис и Димитрис Маркопулос.

Согласно одлуката на грчкото Министерство како држави кои имаат „привилегиран даночен режим“ ги определува оние држави во кои „правното лице или правниот субјект подлежи на данок на добивка, приходи или капитал, чија даночна стапка е еднаква или пониска од 60 отсто од даночната стапка на правните лица и правните субјекти што би ги должеле согласно одредбите на грчкото даночно законодавство“, доколку тие би биле даночни резиденти или би имале постојана деловна активност во Грција.

Врз основа на овој критериум, за даночната 2024 година, на грчката листа се наоѓаат 42 земји и територии, а од Европа освен нашата се и Албанија, Андора, Бугарија, Кипар, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Монако, Унгарија, Ирска, Лихтенштајн и Молдавија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk