logo
logo
logo

Договорено: Додатоците на плата од март, плус зголемување за администрацијата и правосудството

Vecer | 05.02.2026

Договорено: Додатоците на плата од март, плус зголемување за администрацијата и правосудството

По денешната средба во Владата, гранковиот синдикат УПОЗ соопшти дека ја прифаќа владината формула за зголемување на платите во администрацијата и правосудството.

Зголемувањето, според изјавите по средбата, ќе се реализира во три рати од по 8% годишно (наместо 10% како синдикално барање), а исплатата треба да почне од март, со услов претходно да поминат внатрешните процедури и да се потпишат колективни договори по институции.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, изјави дека Владата го прифатила синдикалното барање „не во целост“, но како суштински исчекор го посочи прифаќањето да се исплаќаат и додатоците на плата.

„За жал, не по 10 проценти, но не ги добивме минатата година. Меѓутоа сега Владата прифаќа да ги исплаќа од сега заедно со почеток од март, на начин на што сите институции во државна управа и правосудство, значи судови, обвинителства, ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право“, рече Деаноски.

Само ССМ на Трендафилов остана надвор од дијалогот прифатен од КСС и УПОЗ, нелогичен чекор на штета на работниците. Од ова, раце трие саде СДСМ, една буква разлика, а можеби и нема разлика…

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk