logo
logo
logo

Ѓурчески за рекетот врз Жан Митрев: Парите од Преспанскиот и бугарскиот договор морале некако да се исперат, преку бизнис и болници најдобро

Vecer | 21.01.2026

Ѓурчески за рекетот врз Жан Митрев: Парите од Преспанскиот и бугарскиот договор морале некако да се исперат, преку бизнис и болници најдобро

‒ Една реченица која кажа премногу. Ова е најдобар приказ на врската на организираните криминални групи со политичките елити кои настапуваат од позиција на моќ. И тие елити од позиција на моќ вршат притисок врз обвинителството за да се тргне забраната за оттуѓување удел, вака безбедносиот експерт Љубомир Ѓурчески во „За или против“ со Љупчо Цветановски ја објаснува изјавата на Жан Митрев за „чудесното“ исчезнување на забраната, која доаѓа веднаш по „непристојната понуда“ на Заев и Филипче за купување на неговата болница.

„Овде се потенцираше една битна состојба која Жан Митрев овде во Алфа ја кажа, јас дури и му напишав една порака на вашиот колега Богдан Илиевски – најдобро презентирана врска меѓу политичките елити и организираните криминални групи е точно настапот од позиција на влијание врз обвинителството, една реченица која кажа премногу“, потенцира Ѓурчески во ТВ Алфа.

Се работи за кажаното од Жан Митрев кој објаснува дека на Заев и Филипче, заинтересираните за преземање удели во болницата, им објаснил дека освен што биле замрзнати неговата лична сметка и сметката на болницата, Обвинителството ставило забрана и за продажба на удели. После една недела се случило „чудо“: Сметките останале замрзнати, но забраната за продавање удели била симната?!?!

„Ова е најдобар приказ на врската на организираните криминални групи со политичките елити кои настапуваат од позиција на моќ. И тие елити од позиција на моќ вршат притисок врз обвинитлеството за да се тргне забраната за оттуѓување. Затоа јас веднаш кажав дека поради ова треба веднаш да заседава Советот на јавни обвинители, да се разгледа детално и кривичната пријава која беше поднесена против болницата на Жан Митрев и да се види кој е обвинителот кој итно, во услови на посебни мерки, ја трнал забраната за оттуѓување имот, за да овозможи купопродажба (од страна на Заев и Филипче“)“, им предлага на ЈО поранешниот началник во МВР.

Според Ѓурчески, овде најверојатно се работи за класично перење на парите стекнати од Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, кои што најдобро се „легализираат“ преку недвижнини, бизниси или во конкретниот случај болница.

„Мора да спомнам еден факт, којшто господинот Мицотакис го кажа, во Грција тој спомна за некакви огромни провизии во голем износ околу потпишување на Преспанскиот договор, што требаше да биде сигнал за нашето Јавно обвинилтество да го истражи овој допрен гласи и да ја преиспита целокупната постапка околу Преспанскиот договор“, посочува Ѓурчески кој во непостапувањето на ЈО гледа јасен сигнал за уште еден притисок на тогашните власти врз институцијата.

Безбедносниот експерт вели дека воопшто не е изненаден од атакот врз Жан Митрев, особено поради матноста на тој период со короната, темни времиња во кои се продуцираа многу криминогени дејствија и се легализираше тежок криминал.

„Meне ова воопшто не ме изненади. Честопати споменувам, постојано зборувам за тоа, а тоа го потврди и премиерот, за сите оние фамозни законски уредби донесени од претходната Влада кои ги носеа кога беше прогласена вонредна состојба. И законот и уставот се јасни дека сите тие уредби за да се на сила треба да се потврдат во првиот момент кога ќе се создадат услови собраниетода заседава, а со оглед на тоа дека собраинието во вонредната состојба не можеше да заседава, без разлика што таму имавме едни глупави сцени, доаѓање со скафандери за да гласат и така натака, а нагдрада беше минситерската фотелја, страшна работа. Оттука, ова воопшто мене не ме изненади затоа што во тој период беше емитувана евробврзница од 940 милиони евра, иако ние имавме големи проблеми со набавката на вакцини, во време кога дотичниот господин, сега лидер на опозицијата, тогаш беше министер за здравство. Ние знаеме дека тој закон никогаш и не се потврди од собранието. Има уште еден куп работи кои во основа беа криминогени, еден куп одредби кои овозможуваа и продуцираа криминогени дејствија и легалиризаа криминал. И во делот на јавните набавки и така натака“, вели Ѓурчевски кој очекува „интересна“ година во која Македонија има предизвик да се справи со наталожениот криминал од владеењето на тендер-коалицијата СДС/ДУИ, а основата за тоа ја гледа во нов обвинител, новите закони и иницијативата на власта за раскрстување со злодејанијата од минатото кои се баласт и го оневозможуваат прогресот на државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk