СЕ ОДМРЗНУВА ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА? Франција подготвена да посредува

Vecer | 26.10.2026

СЕ ОДМРЗНУВА ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА? Франција подготвена да посредува
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Подготвени сме да го олесниме дијалогот меѓу Скопје и Софија, според модалитети кои ќе бидат усогласени со двете страни, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер.

-Целта е да се обнови дијалогот на доверба меѓу Скопје и Софија. Тоа е многу важно. Мислам дека двете страни треба да се посветат на тоа. Тоа е важно за нас како Европејци. Имаме потреба од обновување на довербата меѓу двата града, бидејќи тоа е клучен елемент за иднинта на евроинтеграциите на С.Македонија – вели Ле Риголер.

Во интервју за емисијата „Европат“ на  ТВ 24, амбасадорот Ле Риголер вели дека кружат многу идеи, илузии и фантазии за разговори зад сцена.

Тој вели дека дали Европската комисија ќе се вклучи во разговорите, не може да каже но додава дека Франција и многу други земји членки се силно посветени Македонија да излезе од ќор-сокакот, а идеите кои кружат се обидуваат да ги стават на маса.

За случајот со Ива Михаилова, амбасадорот Ле Риголер порача дека не смее да се заборави најважната цел – правдата мора да биде задоволена.

Нагласи дека, имајќи предвид дека во случајот има жртва, правдата мора да се испорача на најблиските.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk