Изгоре барака во Жданец, пожарот го гаселе 19 пожарникари со седум возила (ВИДЕО)

Vecer | 15.11.2026

Изгоре барака во Жданец, пожарот го гаселе 19 пожарникари со седум возила (ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Голем пожар избувна вчера во населбата Жданец во Општина Карпош, каде што била зафатена барака со површина од околу 80 квадратни метри. На терен интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои со повеќе пожарникари и противпожарни возила го локализирале и го изгаснале пожарот. пренесува МКД.мк.

Од Бригадата за противпожарна заштита информираат дека интервенцијата започнала во 23:35 часот и траела до 1:30 часот по полноќ. Во гаснењето биле ангажирани вкупно 19 пожарникари, со седум противпожарни возила.

Пожарот ја зафатил бараката на улицата „Жданец“, а поради површината на објектот и потребата од ангажирање поголем број пожарникари, интервенцијата траела речиси два часа.

Линк до видео тука

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk