Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје со пригодна програма ја одбележа 20-годишнината од смртта на Петре М. Андреевски, писателот кој со својот збор длабоко се вкорени во македонската книжевност и во колективното паметење, еден од најзначајните автори во современата македонска литература.

Делото на Петре М. Андреевски, не како спомен на еден голем писател, туку како живо наследство што им го оставаме на оние што доаѓаат по нас зашто ако не учи нешто Андреевски, тоа е дека може да се скрши човекот, може да се покоси полето, може да помине времето, но она што има корен, повторно никнува како Пиреј што треба да се чува и негува потенцира, директорката на Библиотеката Анета Механџиска .

- Наша задача не е само да ги чуваме нивните книги на полиците, туку да направиме тие книги повторно да се отвораат, да ги читаат младите, да се зборува за нив, да се преиспитуваат, да се откриваат одново. Зашто книга што никој не ја отвора е само зачуван предмет, а книгата што повторно се чита е жива култура. Дваесет години се доволно долг период за една генерација да се промени, но не се доволно за да исчезне еден голем автор.

Неговото дело е дел од нашето културно паметење. Во неговите стихови и проза не се зачувани само зборови, зачуван е еден начин на живеење, еден менталитет, еден јазичен свет и едно колективно искуство, додаде Механџиска.
Времето брзо поминува, но остануваат сеќавањата за творештвото на М Андреевски. Неговите дела „Пиреј“, „Скакулци“, „Тунел“, „Дениција“, „Пофалби и поплаки“, „Вечна куќа“, „Неверни години“, „Касни-порасни“ и денес се бараат од читателите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата