logo
logo
logo

Mакедонија со активна улога на меѓународната сцена

МИЦКОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФИНСКА, СТУБ: Македонија останува посветен партнер за мир, стабилност и европска интеграција

Vecer | 23.09.2026

МИЦКОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФИНСКА, СТУБ: Македонија останува посветен партнер за мир, стабилност и европска интеграција

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на престојот во Њујорк, учествуваше на панел-дискусијата на високо ниво „Reaffirming the promise of peace: using the power we have“, чиј домаќин беше претседателот на Република Финска, Александар Стуб.

На панелот се разговарало за значењето на мирот, дијалогот и одговорното лидерство, како и за улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици.

Мицкоски информираше и за средбата со финскиот претседател Стуб, на која, како што наведува, биле истакнати важноста на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа.

„Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја стратешки определена кон европската интеграција“, порача Мицкоски.

Средбата и учеството на панелот, како што посочува премиерот, претставуваат можност Македонија да го потврди своето партнерство во рамки на меѓународната заедница и определбата за придонес кон мирот, стабилноста и соработката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk