logo
logo
logo

ПО ДВЕ ГОДИНИ ВО БЕГСТВО ДЕНЕСКА Е УАПСЕН ВО АРАЧИНОВО

Vecer | 16.09.2026

ПО ДВЕ ГОДИНИ ВО БЕГСТВО ДЕНЕСКА Е УАПСЕН ВО АРАЧИНОВО

Лице барано со централна потерница и во бегство од 2024 година е лишено од слобода рано утринава во скопското село Арачиново, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, денеска околу 5:30 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, Одделение за потраги, во координација со Интервентната полиција, го лишиле од слобода С.И. (44) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница за издржување затворска казна од пет години за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, согласно член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, лицето било во бегство од 2024 година.

По приведувањето, С.И. е предаден во Полициската станица од општа надлежност Гази Баба за натамошна постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk