logo
logo
logo

ВНИМАНИЕ ЗА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ПРЕВОЗНИЦИ - Брисел не ги блокира нашите камионџии!

Vecer | 04.09.2026

ВНИМАНИЕ ЗА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ПРЕВОЗНИЦИ - Брисел не ги блокира нашите камионџии!

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски упати апел до македонските превозници да не наседнуваат на лажни информации и спинови поврзани со наводни нови ограничувања за нивниот престој во Шенген-зоната.

Гостувајќи во емисијата „Вести плус“ на Канал 5, Николоски демантираше дека во Брисел имало некаков вонреден состанок за превозниците од Западен Балкан, посочувајќи дека дезинформациите намерно доаѓаат од соседна држава каде што се во тек избори.

„Пред два дена во Брисел немаше никаков состанок, туку вообичаена прес-конференција. Би ги замолил превозниците да не потпаѓаат под влијание од една соседна држава. Тоа е чиста лажна вест“, истакна Николоски.

Министерот потсети дека клучниот чекор за овој проблем веќе е направен во февруари, кога Европската комисија ја промени својата визна стратегија и официјално ги призна возачите на камиони и автобуси како професионалци. Оваа промена им овозможува да аплицираат за долгорочни визи и да го заобиколат правилото за престој од најмногу 90 дена во рок од шест месеци.

Николоски откри дека македонските возачи веќе можат да извадат вакви долгорочни визи преку Хрватска и Швајцарија, кои потоа важат за слободно движење низ целата Шенген-зона.

„Кога ќе се влезе во Шенген-зоната со долгорочна виза, нема ограничувања во движењето. Ние и понатаму бараме ЕУ дополнително да ги олесни сите правила, но ова е работно решение што веќе може успешно да се користи“, заклучи Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk