Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини в понеделник, 21 септември, ќе ги соопшти натамошните активности за заштита, сертификација и промоција на македонскиот рубин. Ќе бидат презентирани досегашните, но и идните конкретни чекори за воспоставување на системот за заштита и препознатливост на македонскиот рубин - од утврдување и документирање на потеклото, преку сертификација и воспоставување јасни критериуми, до создавање механизми за негова автентична промоција.
Посебен фокус ќе биде ставен на активностите за негово меѓународно промовирање.
Како што велат од Министерството, ова ќе биде можност јавноста и медиумите директно да се информираат што е досега направено, што следува и како ќе се одвива целиот процес во наредниот период.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата