Три лица се приведени откако Царината пресече канал за шверц на опасни медицински препарати. Акцијата открила дека сопственичка на салон за убавина набавувала непроверени дермални филери и средства за слабеење, кои без никаква контрола на квалитетот ги аплицирала кај клиенти.
Скриената пратка била следена од границата до крајната дестинација, каде инспекторите интервенирале при предавањето на парите. Обвинителството ги терети осомничените за производство и пуштање во промет штетни средства за лекување. Царинската управа упати апел до граѓаните да бидат внимателни какви услуги користат, нагласувајќи дека ваквите криминали ќе бидат најстрого санкционирани.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата