logo
logo
logo

Музички спектакл пред „Борис Трајковски“ „НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНИЈА“ ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ СО БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ

Vecer | 02.09.2026

Музички спектакл пред „Борис Трајковски“ „НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНИЈА“ ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ СО БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ

Во Скопје вечерва ќе се одржи уште еден голем музички спектакл по повод 35 години од независноста на државата. Во музичкиот проект насловен „Најдоброто од Македонија“ на платото пред Т-Арена („Борис Трајковски“), ќе настапат Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари. Организаторите најавуваат голема аудио-визуелна продукција и концертна атмосфера наменета за сите генерации. Концертот ќе почне во 20 часот. Влезот е бесплатен.

По повод 35 години независност синоќа на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржа концерт на светски познатиот тенор Хозе Карерас и македонските музички ѕвезди Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска, Миле Кузмановски.

На 4 септември во Скопје ќе се одржи уште еден спектакл со караванот „Силно светнал ден“ кој ќе го заокружи патувањето низ Македонија на плоштадот „Македонија“ од 20 часот. Ќе настапат повеќе од 120 артисти. Караванот почна од Охрид и посети 11 градови низ Македонија.

Прославата по повод 35 години независност на Македонија ќе финишира на Денот на независноста, 8 септември со настапот на светски понзатиот диџеј и продуцент на хаус музика, Давид Гета на стадионот „Тоше Проески“. Гета ќе настапи со неговата светска продукција „The Monolith Stadium Show“, најголемо шоу во Европа, па и во светски рамки од музички и од продукциски аспект.

Музичката програма со повеќе концерти ја подготви Авалон-продукција во соработка со Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk