Ткајачи на филм е тематиката за визуелниот идентитет на 47 - то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ги носи најголемите светските филмски зданија во Битола. Шест дена проекција на кратки и долгометражни филмови, документарци од земјата, регионот и светската киноматографија. Најстариот фестивал во светот посветен на креативноста на кинематографите од 19 ти до 25 сепрември го реализира 47 то издание.

Се најавува многу дружење со реномираните светски кинематографери и разговори за деликатесите на седмата уметност.
Фестивалот традиционално вклучува повеќе од пет натпреварувачки програми и е познат по доделувањето на престижните награди „Камера 300“, меѓу кои се Златна камера 300, Сребрена камера 300, Бронзена камера 300, Железна камера 300, Мала камера 300 и Кристална камера 300. Покрај нив, се доделуваат и почесни признанија како Златна камера 300 за животно дело, Специјална Златна камера 300 за извонреден придонес во светската кинематографија и Голема ѕвезда на македонскиот филм што ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија.
Уште од самото основање на фестивалот во 1979 година, ИФФК „Браќа Манаки“ е препознатлив бренд на светската филмска сцена со целосна посветеност за уметноста на филмската камера и мајсторството на кинематограферите од целиот свет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата