logo
logo
logo

Мицкоски: Блиску сме до решение за Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда

Vecer | 23.06.2026

Мицкоски: Блиску сме до решение за Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда

Сите законски решенија коишто се дел од реформската агенда се во Парламентот, останува уште Изборниот законик, за кој се ближиме до конечно решение, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

По промоцијата на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека на денешната Владина седница има една одлука којашто треба да се донесе во делот на позитивна оцена на работењето на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, поврзана со еден чекор околу максималниот процент на количина на електрична енергија што треба да биде доставена до снабдувачот и мислам дека таа ќе се донесе.

Сите оние законски решенија коишто се дел од Реформската агенда се или во Парламентот како резултат на тоа што ние како Влада ги доставивме, или е како група на пратеници амандмански интервенирано. ​Останува уште Изборниот законик. Информиран сум дека се ближиме до конечно решение, така што, јас колку што знам на 26-ти е закажана собраниска седница. Ќе има ден, два, три за фино нивелирање. Рокот е 30 јуни, но сега секогаш искуството вели може и до 15-ти јули. Нормално некои документи да се достават, да се дополнат, да се одземат и така натаму, но еве ајде да речеме 30 јуни. Ние очекуваме повторно да ја потврдиме позицијата дека сме први, како што тоа беше во декември, но ајде да почекаме да видиме каков ќе биде Извештајот од страна на Европската комисија – изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk