logo
logo
logo

ДОЖД И ГРМЕЖИ ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД, времето почнува да се менува од петок

Vecer | 07.10.2026

ДОЖД И ГРМЕЖИ ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД, времето почнува да се менува од петок

Од петок, како и за време на викендот, територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џенова и на влажни воздушни бранови кои ќе донесат поголема промена на временската состојба кај нас, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни, особено во западните предели каде локално ќе наврне позначително количество на дожд (над 30 литри на метар квадратен дожд). Локално пак, ќе има услови и за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни.

Сепак и покрај ова , температурите остануваат релативно високи и без некои поголеми промени, освен минималните температури кои ќе бележат промени, односно истите поради облачноста ќе бидат во пораст“, објави тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk