logo
logo
logo

ПОРАДИ ВРАЌАЊЕ ПАСОШ НА БИЗНИСМЕН - ПРИВЕДЕН ОБВИНИТЕЛ ОД ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО БИТОЛА?!

Vecer | 06.10.2026

ПОРАДИ ВРАЌАЊЕ ПАСОШ НА БИЗНИСМЕН - ПРИВЕДЕН ОБВИНИТЕЛ ОД ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО БИТОЛА?!

Вечерва во Прилеп, од страна на полицијата лишен од слобода обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола, дознава ТВ21 од неофицијални извори.

Според првичните информации, приведувањето наводно е поврзано со постапувањето околу враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски.

Во јуни обвинител од Основното јавно обвинителство Струга дал негативно мислење за барањето на одбраната на Марковски да му биде вратена патната исправа. По ново барање на одбраната, предметот бил доставен до Вишото јавно обвинителство во Битола, од каде што било наложено да се даде позитивно мислење.

Марковски потоа го добил пасошот и заминал во Србија, со образложение дека мора итно да потпише документи поврзани со работата на неговата фирма. За неговото присуство во постапката претходно била понудена гаранција од околу пет милиони евра.

На Марковски и на уште неколку лица им се суди за наводни злоупотреби поврзани со јавна набавка во РЕК „Битола“, вредна повеќе од 1,7 милиони евра.

Дали станува збор за случајност или постапување поврзано со конкретниот предмет останува да покажат официјални информации во понатамошната постапка.

Приведувањето следува во период на повеќе истраги и судски постапки поврзани со претставници на правосудниот систем. Претходно беше уапсен и осуден адвокат за противзаконито влијание, а постапка беше поведена и против апелациски судија, во чиј семеен дом беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид.

Она што е важно е пораката: Корупцијата нема да има заштитена територија ниту во институциите, ниту меѓу оние кои треба да го штитат законот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk